Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

„Витаминка„ од Комерцијална банка го купува имотот на штипски Брилијант, информира ТВ24. Прилепската прехрамбена индустрија планира да вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, земјиште, движни ствари и во права од индустриска сопственост.

Станува збор за објекти од близу 5000 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од околу 21.500 квадратни метри.

Имотот на некогашната фабрика за масло Брилијант е во сопственост на Комерцијална банка што ги добила како обезбедување за невратен кредит.

Од наши извори дознаваме дека брендот Брилијант ќе остане на теренот. Истовремено маслото за јадење ќе се користи како суровина за дел од производната палета на Витаминка.

Одлуката за вложување треба да биде потврдена на акционерското собрание закажано за 14-ти Март годинава. Во документите за Акционерското собрание објавени на веб страницата на Витаминка стои дека цел е модернизција на производството.

„Се актуелизираше потребата за обезбедување дополнителни средства за финансирање на инвестициите во Друштвото поврзани со модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството и развој на нова група на производи, пишува во докуметите за акционерското собрание“, вели Одбор на директори на Витаминка

Фабриката за масло Брилијант пред една година отпушти најголем дел од 70 –те вработени. Раководството тогаш тврдеше дека тоа е привремено иако Фабриката беше ставена на продажба. Тогаш штипска транспортна компанија ги купи само ресторанот и Управната зграда.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.