СДСМ: Работничката плата за првпат изнесува 24.000 денари
Објавено на 24 март, 2018 во 15:27
Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јануари оваа година изнесува 24.025 денари, што е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година кога таа изнесувала 22.750 денари, тврдат во денешното соопштение на СДСМ.
Воедно, ова е најголем раст на платите од 2010 година до денес.
Зголемувањето на минималната плата којашто сега за сите работници изнесува 12.000 денари ја откочи спиралата на раст на плати, а раздвижувањето на економијата дава реално видливи резултати, пишува во соопштението.