Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Цените на сировата нафта продолжуваат да растат, а утрово достигнале 80 долари за барел, што е наголемо ниво од ноември 2014 година.
Растот е условен со помала испорака, а голема потрошувачка.

Аналитичарите проценуваат дека растот ќе продолжи поради неповолните геополитички движења и намалување на производството во САД.

Американската банка „Морган Стенли“ најавува дека до 2020 година барел нафта ќе биде 90 долари.

Растот е предизвикан во голем дел од кризата во односите на Блискиот исток, повлекувањето на САД од нуклеарниот договор, и порастот на побарувачката. Меѓутоа, Меѓународната енергетска агенција (ИЕА) смета дека нема да има дополнителен пораст на побарувачката и оти тоа би можело да влијае врз забавување на растот на цените.

 

Поврзани вести

 

Најново