Ке поскапат авиобилетите
До крајот на годината авионските карти може да поскапат до 25 отсто поради зголемената цена на горивата и услугите, предупредија челниците на авио-компаниите на годишниот собир на лидери во оваа индустрија.
Даг Паркер, извршен директор на компанијата Американ Ерлајнс предупреди дека цените на картите може да поскапат поради заштедите кои речиси сите авио-компании ги спроведуваат за да ги намалат трошоците. Тоа зголемување би изнесувало до 25 отсто во однос на сегашните цени.
Се очекува дека и горивото и даноците ќе поскапат за 7 отсто во 2018 година што ќе ги натера авио-компаниите на глобално ниво да ги зголемат цените на авио-превозот.
Џек Шелдон, кој го води сајтот Jack’s Flight Club за евтини авионкси карти советува картите секогаш да се букираат преку туристички агенции, а не авио-компании и во одредено време од годината кога цените се и за 30 отсто пониски отколку во сезона.