Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Македонија има сериозна трговска размена од 1,2 милиони долари и стокова размена од 22,1 отсто со Турција, Албанија и Бугарија, земјите кои ги поврзува Коридорот 8, а состојбата со коридорот е очајна, особено на единствената влезна точка на гас, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој заедно потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората остварија работна посета на главната мерна станица на гасоводот на „ГА-МА“ на влезната точка кај селото Жидилово, Кривопаланечко.

Целта на посетата е истакнување на важноста на процесот на гасификација за унапредување на работењето на стопанството и за обезбедување на одржлив развој, како и потребата за унапредување на рамномерниот регионален развој.

– Денеска сме овде на терен за да ја видиме фактичката состојба, а таа е дека треба да има пруга, ама сеуште ја нема, има гас кој не го користиме, патот е изграден пред 50 години, таква е состојбата со македонските коридори и додатните трошоци и условите влијаат на конкурентноста на нашите производи, додава Азески.

Должината на Коридорот 8 кој е со вкупна должина од 950 километри, низ Македонија е 350 километри, а состојбата е секаде иста.

– Ја согледавме состојбата и преку нашиот претставник во Владата, уште од денеска сериозно ќе лобираме да се работи на реализирање на нејзините проекции по планот на Владата 2017-2021 година да се реализираат енергично и стопостотно, а тоа е – изградбата на експресен пат Ранковце – Крива Паланка финансиран од Светска банка и изградба на патен правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, каде ние се наоѓаме, со кредит од ЕБОР. Да се заврши пругата како што е предвидено во овој период и тоа да отвори надеж кај компаниите за подобрување на соработката со овие земји, што е многу значајно.Владата, рече, го има испланирано тоа, а ние како Комора треба постојано да инсистираме да опстои на тоа и поинтензивно да се сработи, додаде Азески.

Системот за пренос на природен гас во Република Македонија е дел од рускиот транзитен гасовод кој поминува низ Украина, Молдавија, Романија и Бугарија. Магистралниот гасовод влегува во Македонија кај Деве Баир на границата со Бугарија и се протега преку Крива Паланка, Кратово и Куманово до Скопје, во должина од 98,197 километри.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново