Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

nlb fin

НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје, информираат од пензиското друштво и додаваат дека тоа и во иднина ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.

– Заедно со новото име, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Друштвото во процесот на ребрендирање ќе добие целосно нов визуелен лик. Друштвото ќе продолжи да функционира и работи на ист начин како и досега, стремејќи се да обезбеди сигурни пензиски заштеди за своите осигуреници, преку остварување соодветен долгорочен принос од инвестициите на средствата на фондовите, се вели во соопштението од ова пезниско друштво.

Промените во називот и ребрендирањето на НЛБ Нов пензиски фонд следуваат откако словенечката компанија Сава Ре дд., Љубљана, во март годинава стана сопственик на 100 отсто од акциите на пензиското друштво

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.