Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kratosija fin

Независните трговци со вино во Велика Британија на својот избор го класифицираа виното „Кратошија“ од бербата 2017 на Винарската визба „Тиквеш“ меѓу ТОП 100 вина на британскиот пазар за 2018 година.

Во коментарот за „Кратошија“ судиите наведуваат дека со ова вино „се исполнува една од целите на изборот и на независниот вински пазар – да се откријат изненадувачки вина кои ги надминуваат очекувањата“ и дека иако „малку кој чул и за ова вино и за неговиот регион, тие биле силно импресионирани од неговиот квалитет, но – не помалку важно – и од неговата вредност“.

Главните критериуми за изборот на вината се нивниот квалитет и вински карактер, но секогаш во корелација со нивниот потенцијал за продажба на предизвикувачкиот британски пазар. Сите 21 судии на овој избор се претставници на специјализирани продавници за вино во Велика Британија, а голем број од нив се и вински експерти и професионални вински оценувачи.

vinosise fin

„Кратошија“ е единственото вино од поширокиот регион кое се најде меѓу победниците на изборот, на кој годинава се пријавија 700 вина од, пред сѐ, познати вински региони од Франција, Италија, Шпанија, Германија, Австрија, Грција, Австралија, Чиле, Аргентина, Германија, Нов Зеланд, Јужна Африка и САД.

Во изборот учествуваат исклучиво вина кои се продаваат во независни специјализирани продавници за вино на територијата на Велика Британија

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.