Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

avioni fin

Американскиот компанија за производство на авиони „Боинг“ доби договор вреден 3,9 милијарди долари за два нови 747-8 авиони кои американскиот претседател ќе ги користи како „Ер форс Уан“ (Air Force 1).

Авионите мора да бидат испорачани до декември 2024 година и ќе бидат во боите на американското знаме – црвена, бела и сина.

Доналд Трамп изјави дека новите претседателски авиони ќе бидат “неверојатни, најубави и најдобри во светот“.

Одлуката вчера ја соопшти Пентагон, а договорот дојде откако Трамп на почетокот од годинава се спротивстави на цената од четири милијарди долари според претходната зделка за „Ер Форс 1“. Претседателот на Твитер тогаш истакна дека „цените се надвор од контрола“ и соопшти дека ја откажал нарачката.

На крајот од февруари Белата куќа информира дека се договорила со Боинг за фиксна цена од 3,9 милијарди долари.

– Боинг ни даде добра цена и успеавме да заштедиме 1,5 милијарди долари и да нарачаме нов модел за земјата, изјави Трамп во интервју за телевизијата Си-Би-Ес.

Договорот опфаќа два поголеми, помодерни, побрзи и поекономични авиони од сегашните 30-годишни 747-200, кои чинат 180.000 долари на час.

 

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.