Прилепска Витаминка ја зголеми добивката во првите шест месеци, годинава
П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2018 година оствари добивка во износ 42.316 илјади денари и е повисока во однос на истиот период лани кога изнесувала 14.004 илјади денари.
Остварените консолидирани вкупни приходи во 2018 година изнесуваат 1.000.606 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат раст за 16% . Во структурата на вкупните консолидирани приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основнадејност, кои во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 16%.
Остварените консолидирани вкупни расходи во 2018 година изнесуваат 996.383 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 17%. Растот на вкупните консолидирани расходи е во корелација со работењето во 2018 година.