Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

domati fin

Грчките власти повлекле од пазарите за овошје и зеленчук во Атина 4,6 тони домати увезени од Албанија и од Италија,поради големо присуство на опасни пестициди.

Целата количина, дистрибуирана од грчка компанија, ќе биде уништена бидејќи се опасни за косумирање.

Веста за откривање на домати со постициди е објавена на официјалната веб страница на грчката агенција која врши контрола, но исто така и од грчките и албанските медиуми.

Тиранската телевизија Топ чанел неколку месеци по ред алармираше за скандалот со пестициди, кои се употребуват без критериуми и неконтролирано.

-Министерството за земјоделство, првично ја игнорираше оваа појава и молчеше, за да на крај неговите претставници признаат дека во Албанија влегле шверцувани и опасни пестициди. Еден од нив беше пестицидот метанол 90 кој е забранет за употреба. Секој ден од Албанија, во други,пред се соседните земји, се извезуваат по 200 тони домати,- наведува Топ чанел.

Од албанското Министертвото за земјоделство,за телевизијата изјавиле дека немаат официјално соопштение од грчките колеги и оти во текот на годинава немаат ни еден случај на поплака за безбедноста на доматите произведени во Албанија во системот RASFF – Food and Feed Safety Alerts. Од таму додаваат дека доматите се откриени на пазар а не на граница што ја доведува во прашање земјата на нивното потекло.

Албанските фармери годинава во Грција имаат продадени над 514 тони домати.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.