Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

duing fin

Македонија е рангирана на 10. место во најновиот извештај „Дуинг бизнис 2019“ на Светска банка, што е подобрување за една позиција во однос на претходната година.

Рангирањето е правено врз основа на 10 критериуми, а се опфатени 190 земји во светот.

Македонија е најдобро позиционирана, на седмото место, според критериумот заштита на малцинските инвеститори, а најслаб според критериумите регистрирање на имот и почнување бизнис, на 46 односно 47 место.
Македонија е најдоброрангирана земја во Југоисточна Европа (ЈИЕ) во последниот извештај на „Дуинг Бизнис“ на Светската банка, покрај повторното враќање во Топ-10 најдобри во светот по бројот на спроведени реформи во неколку категории. Воедно, Македонија е единствената средно-развиена економија во Топ-20 во светот во рангирањето за оваа година.

Во извештајот „Дуинг бизнис 2019“ Македонија е највиско рангирана од државите во регионот. Словенија е 40-та,Косово 44, Србија 48, Црна Гора 50, Хрватска 58, Бугарија 59, Албанија 63, Грција 72, а Босна и Херцеговина 89.

Извештајот опфаќа 190 економии. Ги мери регулативите кои влијаат врз животот на бизнисот, како што се започнување на бизнис, справување на градежни дозволи, стекнување на електрична енергија, регистрирање на имот, добивање кредит, заштита на малцинските инвеститори (акционери), плаќање на даноци, прекугранично тргување, спроведување на договори и решавање на несолвентност

“И покрај пролонгираната политичка криза, Република Македонија и понатаму останува една од највисоко рангираните економии, во однос на леснотијата на водење бизнис”, рече Марко Мантованели, државен директор во Канцеларијата на Светската банка во Скопје. “Ова е добредојдена вест, но важно е да се разгледа целата палета на фактори и политики кои влијаат на квалитетот на деловното опкружување и националната конкурентност на економијата и кои не се зафатени од Doing Business, со цел земјата да ги постигне надежите – за влијание врз добивките на продуктивноста на фирмите и привлекување на повеќе инвестиции ”

Некои од поентите што се забележуваат оваа година се дека за започнување бизнис во Македонија се потребни 14 дена, со нула денари стартен капитал и трошок од 0,9 отсто од годишниот бруто домашниот производ по глава на жител.

Потребни се 91 ден и девет процедури за градежна дозвола, 97 дена и 196,1 отсто од годишниот БДП по глава на жител за приклучок, а за стекнување имот се потребни седум процедури, 30 дена и данок од 3,2 отсто од проценката.

Кредит отплаќаат 40,7 отсто од субјектите, кај тргувањето со хартии од вредност најслаба оценка имаме за (не)достапноста на купување на акции , а со најдобра оценка сме за транспарентноста. Фирмите од профитот одвојуваат 13 отсто, губат 119 часа годишно за седум даноци (давачки).

На граница за документација се чека два часа, но девет за царинење. За спроведување на договори се потребни 634 дена. За решавање на несолвентноста е потребно една и пол година и „жртвување“ на 10 отсто од вредноста на имотот.

Најдобра во светот, според „Дуинг бизнис2019“ е Нов Зеланд, а покрај Македонија во топ 10 се уште и Сингапур, Данска, Хонконг, Јужна Кореа,Грузија, Норвешка, САД и Велика Британија.
На дното на листата се Либија, Јемен, Венецуела, Еритреја и Сомалија

Оценувањето за извештајот се однесува на периодот средина на2017 до средина на 2018 година, односно е со пресечен датум 1 мај 2018, а се базира на информации добиени од државните институциии приватниот сектор.

Извор; МИА

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.