Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

hauwei fin

Huawei казни двајца вработени и им ги намали платите откако својата новогодишна честитка на Twitter ја објавија од својот iPhone. Потпретседателот на кинескиот гигант изјави дека овој инцидент му нанел штета на брендот на Huawei, па на вработените им се скратени платите за околу 730 долари.

Во интерна порака од компанијата се наведува дека инцидентот се случил откако агенцијата за социјални медиуми на Нuawei, Sapient, имала VPN проблеми на својот компјутер. Како решение, вработените поставиле „твит“ од iPhone.

„Твитот“, кој сега е избришан, брзо се прошири на Twitter. Huawei објави нов, но во коментарите на истиот корисниците на Twitter главно ставаа screenshot од првобитниот „твит“.

Ова не е прв пат технолошките компании да се соочуваат со, како што велат експертите, срам на Twitter. Samsung минатата година мораше да избрише повеќе од 300 „твитови“ поставени од уреди на Apple. Слична беше и ситуацијата кога за рекламирање на Huawei и Google на социјалните мрежи беа поставувани содржини од iPhone.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.