Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

konekt fin

Потребата од измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во согласност со добрите практики на регулирање на филантропијата во Европската Унија, поновите измени во даночниот третман на граѓанските организации, нивната улога како работодавачи, новите активни мерки за вработување што тие можат да ги користат со цел зголемување на вработеноста во земјата, беа дел од темите за кои се зборуваше на денешната денешната Конфенренција за закони по мерка на граѓанските организации.

– И покрај тоа што во 2006 година се донесе Закон за донации и спонзорства во јавните дејности, многу од компаниите решаваат да не го користат, иако би сакале да ги добијат даночните олеснувања, додека граѓаните и не го применуваат. Според тоа имаме закон кој формално функционира, но не ја остварува својата примарна функција и не им служи на оние за кои е донесен. Затоа тој мора да претрпи измени во повеќе сегменти за навистина да ја развива филантропијата и да ги поттикнува граѓаните, претпријатијата, здруженијата активно да се вклучат во решавањето на општествените проблеми – заклучи Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружението „Конект“.

Љубен Панов, претставник на Европскиот центар за непрофитно право рече дека нивна главна препорака, во делот на законодавството, е да се оптимизира процесот со цел да се поедностават активностите и да се овозможи непречено работење.

– Тука сме со цел да дадеме наша поддршка и експертиза во делот на законот за филантропија и спонзорства во јавните активности. Ние сме многу среќни што постои интерес за подобрување на овој закон, бидејќи сметаме дека филантропијата е еден од главните начини со кој невладините организации можат да ги подобрат и унапредат своите активности. Наш став од секогаш бил дека законодавството мора да оди во прилог на работата на невладините организации со цел да се отстранат сите пречки во тој дел и да им се овозможат придобивки – нагласи Панов.

Конференцијата се организираше од рамки на проектот „Промени за одржливост“, финансиран од ЕУ, а спроведуван од Здружението „Конект“ во партнерство со фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.