Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

patarina fin1

Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

Сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход предничат патарината Романовце (198.560.050 денари), Сопот (171.585.190 денари) и Отовица (166.035.843 денари), изјавија за МИА од ЈПДП.

Проекциите на ЈПДП се континуирано зголемување на приходите до крајот на годинава, со тоа што, како што велат, 2019 година ќе биде рекордна во остварување на приходи од 32-годишното постоење на наплатните станици.

Во вкупните приходи се вкалкулирани и средствата остварени од продажба на електронските уреди (картички и тагови) и од нивното надополнување.

Од пуштањето на електронската наплата на патарина пред еден месец продадени се 6.735 тагови и картички. Од продажба на уреди е остварен приход од 3.206.800 денари, а од надополнување 21.107.315 денари.

Електронското плаќање од минатиот месец е достапно на наплатните станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. – Јавно претпријатие е повеќе од задоволно како функционира новиот систем за елетронска наплата на патарина, доказ за тоа се бројните јавувања на нашиот сервисен број (0800-800-088) од задоволни клиенти кои ја користат електронската наплата, велат од ЈПДП.

Оттаму информираат дека е во тек надградба за прилагодување на системот за електронска наплата на патарина за возила од прва категорија А, односни мотори.

Во наредниот период ќе се градат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид, а ќе се воспостави електронска наплата и на патарините на Коридорот 8 (Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар).

Во тек е евалуација на понудите за избор на најповолен понудувач на тендерот за изградба на патарините и електронската наплата што беше распишан во јуни годинава е во вредност од 13 милиони евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.

Според плановите, операторот треба да биде избран до октомври, по што во рок од една година треба да бидат изградени патарините и да се воспостави електронската наплата.

Со заемот од ЕБОР се покриваат и трошоците за поставување фотоволтаични панели на настрешниците на наплатните станици.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново