Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

angeleska finВо буџетот не се планирани пари за субвенции за купување возила, мерка која беше најавена за следната година, информира денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа рече дека работна група го разглеудвала ова прашање и одлучила парите да се намената онаму каде што е попотребно.

Таа најави детали од Законот за данок на моторни возила и за други мерки за намалување на аерозагадувањето.

– Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект – изјави министерката, додавајќи дека целта е средствата на граѓаните насочени преку кој било проект да го дадата најдобриот резултат.

Таа додаде дека аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и дека во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства.

– Програмата во Владата е 100 милиони, во Министерството за животна средина има 70 милиони што се повеќе за 20 милиони од минатата година, за субвенции за инвертери што треба да започне и се предвидени 620 милиони денари и во Министерството за економија за субвенциите за вградување плински уреди за што се предвидени 18 милиони денари и на ова го додаваме и новиот закон за данок на моторни возила во насока на намалување, за кое данокот ќе се определува по однос на вредности по однос на загадувањето, како и гасификацијата 1,1 милијарда денари. Ова се мерки што се вградени во буџетот – потенцира министерката Ангеловска

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново