Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Turizam fin

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот АППТ, по саемот во Лондон денес на состанок со израелската авио-компанија "ISRAIR" повторно го актуелизираше постоечкиот интерес за отпочнување на директна линија на релација Тел Авив-Скопје- Тел Авив. На денешниот состанок со претставници од компанијата се договараа детали за отпочнување на соработката оваа сезона со два лета неделно, по што се очекува соработката и понатаму да се развива и бројот на летови и гости од Израел да расте во текот на годините.

Со оглед на заинтересиранотста на израелската авио-компанија "ISRAIR", директниот лет од Тел Авив до Скопје се планира да почне да оперира кон крајот на месец мај и целта е покрај аранжманите од 3,4 и 5 дена за РС Македонија, летот да е достапен и за сите слободни патувачи од Израел кои сакаат да ја посетат државава, со главен фокус “сити брејк” и тенденција за оддржливост на линијата во текот на целата година.

Денешниот состанок е резултат на неколкумесечните средби и преговори со израелската авио-компанија "ISRAIR", кои иницијално се започнаа за време на интернационалниот саем “WTM” во Лондон при крајот на минатата година, а продолжија со нивна посета на државава, по што следеше најавата за директна, наместо чартер линија.

Бројот на туристи од Израел во текот на последните неколку години е во постојан раст. Бројот на туристи во првите 11 месеци од 2019та година е за 16% поголем од бројот на туристи за истиот период во 2018та година, а трендот е ист и кога е во прашање бројот на ноќавања, односно тие растат за 19,3% согласно месец ноември 2019та година, во споредба со истиот период 2018та година. Вкупниот пораст на странски туристи согласно месец ноември 2019та година е зголемен за 6,8% споредбено со лани, додека бројот на ноќевања се за 5,7% поголеми во 2019 година во споредба со истиот број во 2018та година.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново