„Тесла“ доаѓа во Бугарија ?
Објавено на 13 февруари, 2020 во 10:36
Бугарија комуницира со компанијата Tesla за потенцијална инвестиција на американскиот производител на електрични автомобили во фабрика во земјата, пренесуваат бугарските медиуми, цитирајќи го министерот за економија, Емил Караниколов, пренесе Бизнис Инфо.
“Имаме две амбиции: првата е производство на автомобили, а втората е производство на батерии за електрични автомобили“, вели Караниколов.
Тој додава дека Бугарија е подготвена да започне производство на делови за автомобили со Tesla, но фабрика за производство на автомобили или електрични акумулатори би била подобра опција.