По скоро три децении, најголема разлика на цената помеѓу златото и среброто
8.06.2020
Неочекуваниот пад на американската невработеност го поттикна растот на акциите, кои со скокови се враќаат на нивото пред епидемијата.
Како резултат на растот на ризични вложувања, се намали апетитот на инвеститорите за благородните метали, па така цената на златото забележа пад од 2,6 отсто на 1.683 американски долари, што е најголем пад во последниве три месеци.
Иста е ситуацијата и со интересот за среброто, иако во понеделникот со цена од 18,95 долари достигна највисоко ниво во изминативе два месеци, отскокнувајќи за 27 отсто од крајот на април.
Разликата во цената меѓу унца злато и унца сребро сега изнесува 96,6 пати повеќе, што пак претставува најголема разлика од 1991 година и од времето на Заливската војна, кога цената на златото беше речиси за 100 пати повисока од цената на среброто.
Неочекуваниот пад на американската невработеност го поттикна растот на акциите, кои со скокови се враќаат на нивото пред епидемијата.