Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

DDV fin

2.07.2020

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека вкупниот поврат на ДДВ во второто тримесечје од 2020 година кај граѓаните изнесува 334.556.243 денари, односно 5.440.000 евра.

Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата Мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки. Направен е промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5.440.000 евра.

Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година .

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново