Граѓаните од први март повторно ќе може да плаќаат сметки во „Македонска Пошта“
11.12.2020
Граѓаните од 1 март ќе можат своите сметки да ги плаќаат на шалтерите во „Македонска Пошта“, а договорот со „Халкбанк“ се очекува да биде потпишан до крајот на годината, вели новиот директор на „Македонска пошта“, Јани Макрадули.
„Враќањето на репутацијата која порано ја имаше „Македонска Пошта“ е приоритет кој го работиме. Средствата кои ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите. Обврска на банката е најдоцна за два месеци да започне, а јас верувам дека на 1 март следната година, граѓаните ќе можат да плаќаат, по најниска провизија, изјави Макрадули.
Во однос на изборот на „Халкбанк“ за платниот промет на „Македонска пошта“, по пропаѓањето на „Еуростандард“ банка, Макрадули појаснува дека тоа е направно заради истиот софтвер од истата компанија што го има банката, со што процесот е технички подготвен.
Мите Јаначков