Истражувањето на Центарот за економски анализи покажува дека за период од седум години Македонија дала помош на седум компании од вкупно 56 милиони евра. Државната помош преку директни субвенции и даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнуваладуриполовина од висината на средствата кои тиеги вложиле во Македонија, пишува Капитал.

Од овој месец Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар пишува Телма.

Владата  по четврти пат оваа година ќе се задолжи кај домашните кредитори. Станува збор за 813 илјади евра кои планира да ги обезбеди преку издавање на држави хартии од вредност . Висината на заемот што министертсвото за финасии ќе го побара во вторник од домашните кредитори, е идентична со сумата што достасува за враќање во среда за стари долгови. Дел од сумата ќе ја врати во мај годинава, а дел во 2026 година.

Министерството за финасии од домашните кредитори се задолжи со 19 милиони евра, што е за 10 милиони евра повеќе од првично најавената сума. Денеска по основ на доспеани долгови, Владата треба да врати 9 милиони евра.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите цени на бензините. Ако се има предвид интензивниот пад на цената на нафтата на берзите може да се очекува ново намалување на цените на горивата и во земјава.

Не сопира трендот на задолжување на државата. Новиот заем е тежок 12,5 милиони евра или 7 милиони повеке од тоа што се бараше со аукцијата на хартии од вредност, пренесува Телма.

Поврзани вести

 

Најново