Малкумина во земјава решаваат да се задолжат со кредит во банките за да одат на одмор и наместо тоа, мнозинството го плаќаат одморот во готово, со картички на неколку рати или го „цедат“ дозволениот минус на сметките до крај, пишува Фактор.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,20%.

И по писмото од Европската енергетска заедница, во кое се бара од македонските власти да ги испитаат сомнежите околу компаниите и бизнисмените што се обидуваат да го преземат Макпетрол, ниту една од надлежните институции во земјава не се одважи да реагира, објави А1он.

Гувернерот Богов посочи дека банките поминале низ реален стрес-тест при што покажале висока отпорност на шокови. Банкарскиот сектор е стабилен, а првиот финаnсисер Миновски, gи повика банките повторно да се фокусираат на кредитирање на компаниите.

Американската компанија Гентерм вчера во ТИРЗ Прилеп и официјално ги отвори прозводствените погони. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светските бренодви Mercedes, BMW, Volkswagen, Ford, Fiat. Инвестицјата е вредна 26 милиони евра, а за почеток ќе се вработат над 400 луѓе. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски најави дека бројот на вработени ќе достигне 2.000 луѓе. Груевски на својот фејспук профил напиша дека фокусот на неговата партија и натаму остануваат новите вработувања.

Денес Македонија ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од 7 години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, соопшти Министерството за финансии.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново