Светскиот економски форум е во полн ек, започнаа и првите говори на видни политички имиња од светски калибар, а се одржаа и повеќе панели на кои се говореше за жешки теми. Давос е интересен и во истовреме многу важен настан, смета Стево Пендаровски, универзитетски професор кој во 2003 година беше таму како дел од македонската делегација која ја предводеше покојниот претседател Борис Трајковски за Фактор.

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемија за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Политичари, бизнис лидери, банкари и славни личности од денеска учествуваат на четиридневниот форум во Давос под мотото „Да создадеме заедничка иднина во еден разединет свет“.

Во интервјуто за Сител телевизија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев објаснува како и зошто дојде до продажбата на ЕДС на Грчкото државно електростопанство.

Потегот за издавање еврообврзница е очекуван потег од страна на Владата, имајќи ја предвид проектираната потреба за финансирање на буџетот во износ од околу 600 милиони евра, велат од Институтот за економски истражувања „Finance think“, откако Министерството за финансии соопшти дека вчера е издадена шестата еврообврзница.

Парите од еврообврзницата со која Македoнија на странскиот пазар се задолжи за половина милијарда евра, ќе бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит, враќање на стари долгови, реализација на капитaлни инвестиции, зголемување на средствата за одбраната и за зголемени плати во образованието и здравството, информираше денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Поврзани вести

 

Најново