Црна Гора бара 14.000 работници, се нуди храна, сместување и плата од 1.500 евра.

Еврообврзницата директно ќе влијае врз изборниот процес на земјата оценуваат дел од аналитичарите за 24 Вести.

Министерството за финансии ќе одржи аукција на државни хартии од вредност на која од домашните кредитори ќе побара заем од 5,4 милиони евра. На аукцијата ќе бидат понудени три месечни записи со девизна клаузула, 12 месечни записи како и обврзници на 10 и 15 години. Утре за враќање доспева идентична сума , од 5,4 милиони евра.

Стратешки инфраструктурни проекти, социјални програми, институционална поддршка, проекти од областа на земјоделството, зајакнување на капацитетите за буџетирање – ова се само дел од секторите кои добиваат европски пари како поддршка за зајакнување и развој. Она што е значајно се токму инфрастурктурните проекти поврзани со патничките и железничките коридори. И покрај тоа што Европската комисија соопшти дека ќе има кратење на 27 милиони евра од ИПА фондовите, дел од домашните институции сеуште се воздржуваат од коментар. Министерството за финансии пак се огласи дека се работело за проекти кои воопшто не се започнати, односно не се планирани, пишува Фактор.

Ако се истражат имињата на бизнисмените вклучени во обидот за влез во Макпетрол, се открива замрсена мрежа на офшор шеми и историја на матни зделки, пишува Репортер.

Цената на струјата од први јули ќе биде поевтина за 0,25%, ваква одлука се очекува да донесе денеска регулаторната комисија за енергетика, дознава Фактор. Регулаторите досега анализраа трошоците на енергетските компании ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, дознава Фактор.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.