„Карфур“ го затворил маркетот и во Тетово – објави Плусинфо. Според информациите до кои дојде порталот, маркетот кој се наоѓа во трговскиот центар „Рем мол“ е затворен на крајот на декември лани.

Владата денеска од домашните кредитори преку аукција на државни хартии од вредност ќе се задолжи со 7,7 милиони евра.  Веќе во среда,  државата ќе треба да им врати идентична сума на кредиторите  и да ги подмири старите долгови.

Супер маркетот на Carrefour во Скопје Сити Мол е затворен. По подолга агонија во која се наоѓаше компанијата во Скопје, се случи и долгоочекуваното затворање на хипермаркетот.

Истражувањето на Центарот за економски анализи покажува дека за период од седум години Македонија дала помош на седум компании од вкупно 56 милиони евра. Државната помош преку директни субвенции и даночни ослободувања, кај некои од странските инвеститори достигнуваладуриполовина од висината на средствата кои тиеги вложиле во Македонија, пишува Капитал.

Од овој месец Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар пишува Телма.

Владата  по четврти пат оваа година ќе се задолжи кај домашните кредитори. Станува збор за 813 илјади евра кои планира да ги обезбеди преку издавање на држави хартии од вредност . Висината на заемот што министертсвото за финасии ќе го побара во вторник од домашните кредитори, е идентична со сумата што достасува за враќање во среда за стари долгови. Дел од сумата ќе ја врати во мај годинава, а дел во 2026 година.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново