Претставници на рударите од рудниците за олово и цинк „Злетово“ и „Тораница“ денеска се на средба со претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев. Средбата е на барање на премиерот и се очекува вработените во рудниците кои се во стечај да слушнат што планира владата да направи со овие рудници.

Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши, особено не со овој економски и политички систем, посочи Петар Гошев на дебатата „За слободно општество и социјална правда“, во организација на Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и „Заслужуваме подобро“.

Скопјани од денеска јадат поевтин леб. Дел од компаниите веќе ја намалија цената на лебот, по вчерашната најава на мелничко-пекарската индустрија дека ќе ги намалат цените на производите како резултат на пониската цена на увезеното брашно од Србија.

Неликвидноста во бизнис секторот изразена во број на блокирани компании на крајот на минатата година изнесува 44.542, што значи дека 5,5% повеќе фирми имаат блокирани сметки во споредба со крајот на 2014 година, покажуваат последните податоци на Народната банка, пишува Капитал.

„Карфур“ го затворил маркетот и во Тетово – објави Плусинфо. Според информациите до кои дојде порталот, маркетот кој се наоѓа во трговскиот центар „Рем мол“ е затворен на крајот на декември лани.

Владата денеска од домашните кредитори преку аукција на државни хартии од вредност ќе се задолжи со 7,7 милиони евра.  Веќе во среда,  државата ќе треба да им врати идентична сума на кредиторите  и да ги подмири старите долгови.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново