minzatransport fin

Годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЕКМТ дозволи за 2019 година и изготвување на Листа на превозници и резервирани поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2019 година ќе се врши од сабота 13 октомври во 0:00 часот до понеделник 15 октомври во 23:59:00 часот, информира Министерството за транспорт и врски.

angjusev apostolovskafin

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска ќе остварат работна посета на општина Свети Николе.

domati fin

Грчките власти повлекле од пазарите за овошје и зеленчук во Атина 4,6 тони домати увезени од Албанија и од Италија,поради големо присуство на опасни пестициди.

samit fin

Од 7 до 10 ноември во хотелот Мериот-Скопје меѓународната невладина организација Македонија2025 по седми пат ќе го организира годишниот самит Македонија2025 – динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите. На настанот ќе присуствуваат преку 60 врвни говорници и публика составена од над 400 учесници, кои ќе имаат единствена можност да ги слушнат последните светски трендови во бизнисот, да се вмрежат со исклучителни професионалци и да остварат нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

benzini fin

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги зголеми цените на бензините и дизелот за 0,5 односно за 1,50 денари за литар.

tevdovski besovska fin

Македонија има капацитет да го достигне проектираниот раст од 3,2 проценти, смета министерот за финансии Драган Тевдовски, а според гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска постојат ризици и тоа ќе зависи од тоа што ќе се случува во натамошниот период.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Screenshot 2

Најново