Агенцијата за храна и ветеринарство вели дека на македонскиот пазар нема небезбедни чоколади во кои е утврдено присуство на делови од пластика.

Минатата година обележавте јубилеј 20 години на пазарот. Која е тајната со која „Кожувчанка“ ги привлече своите купувачи?

„Кожувчанка“ во далечната 1995 година се појави на македонскиот пазар како прва приватна компанија за производство на вода. Во тогашни услови, тежината да се биде дел од пазарот и да се земе дел од колачот на тогашниот маркет беше огромна, доволен е фактот дека бевме непознати за купувачите. Од самото започнување со производство и работа, вложивме многу труд околу квалитетот на производите, го негувавме секој наш комитент, воведувавме иновации и спроведувавме најразлични акции кои допираа до крајните потрошувачи. Истото е дел од нашата политика и денес, незапирливи сме во градењето квалитетно производство со најсовремена технологија, тоа го потврдува и широкиот спектар на признанија и сертификати во поглед на квалитетот и производството, комитентите длабоко ги систематизиравме и спроведовме посебна политика која знае да негува и притоа да ги наградува подеднакво сите, се' уште тенденцијата крајниот потрошувач да биде оној кај кој ќе отиде нашата акција е цел која е неизоставен дел од нашата политика, и секако, се разбира, горди сме на најшироката дистрибутивна мрежа во Македонија која безрезервно го опслужува и негува секој територијален сегмент од пазарот, па дури и онаму каде што сите други заборавиле.

Во палетата имате повеќе производи, води, сокови и пиво. Имате ли планови за зголемување на производството или за проширување на бизнисот и со други производи?

Ако ги изоставиме иновациите врз постојните брендови кои одат во поглед на промена на амбалажата на ладниот чај „синалко“ и нејзино одделување од палатата производи на „Синалко“ и инвестицијата во стаклена амбалажа наменета за ХОРЕКА на „Кожувчанка“ и „Изворска“, следна инвестиција поврзана со проширување на бизнисот со други производи би била имплементирање производство за вино и вински производи.

Какви се потрошувачките навики на македонскиот купувач, кои производи на „Кожувчанка“ се најбарани на пазарот?

Во глобала, најновите трендови би требало да говорат за современиот начин на купување во кој и македонскиот купувач би требало да купува од каталог и изборот за производите кој ќе ги купи да го прави сам. Можеби во централните градски подрачја можеме цврсто да се држиме до тој тренд, но сепак се' уште поголем процент од потрошувачката им припаѓа на малопродажбата, каде што директна улога имаат менаџерите во маркетот кои знаат да го продаваат она што тие сакаат да биде продадено. „Кожувчанка ДОО“ во својата палета на производи има шест брендови, минерална газирана вода „кожувчанка“,природна негазирана вода „изворска“,газираните сокови „синалко“,негазирани сокови „синета“, енергетскиот пијалак „енерџи-С“ и како наш најнов бренд „наше македонско пиво“. Секој од брендовите си го има пронајдено своето место на пазарот и слободно можеме да кажеме дека секој од нив има добар „маркет шеар“ од целокупниот пазар. Се' уште „кожувчанка“ е бренд-лидер во нашата палета на производи, но 2015 година беше година во која „изворска“ значително и' се приближи, а токму овие два бренда беа акцентирани во изминативе две години каде што секој од нив беше ребрендиран со назначени маркетинг-вложувања. Горди сме на процесот на ребрендирање, кој беше успешно завршен и уште поуспешно прифатен од целиот пазар, што всушност беше и причина што линијата на побарувачка за овие два производи одеше во драстична нагорна линија. Светски познатиот бренд „Синалко“ кој изминатава година го славеше својот 110. Роденден, е бренд на кој оваа година значително ќе се работи на маркетиншки план, но и со активности кои ќе ја осигураат позицијата на самиот бренд во поглед на продажбата која и сега е на завидно ниво.

„Кожувчанка“ е семеен бизнис. Кои се предностите, а кои недостатоците кога членови од семејството се и колеги од работа?

Да се има бизнис во кој фамилијарните односи преминуваат во професионални односи, би рекол дека има повеќе предности од недостатоци, се разбира доколку секој ги познава своите ингеренции и овластувања и дејствува во согласност со нив. Во едно сме сигурни, а тоа е дека секој ја сака компанијата како своја, а тоа е мисија на секој работодавец.

Имате ли планови за извоз и на кои пазари?

„Кожувчанка ДОО“ е овластен производител за „Синалко“ во Македонија и од 2015 година и за пазарот на Црна Гора, тука немаме простор за извоз затоа што станува збор за бренд кој се работи по лиценца. Што се однесува за извоз на водите, ние секогаш имаме тенденција тие да бидат наша главна алатка за извоз, секојдневно добиваме понуди и сме отворени за секој пазар кој е заинтересиран за пласман на нашите води.

„Македонското пиво“ е еден од последните производи на „Кожувчанка“, колку пивото си го најде своето место на пазарот, со оглед на конкуренцијата, и што ќе преземете за поголем пласман?

И пред да почнеме со производство на пиво бевме свесни во каква инвестиција се впуштавме, а уште посвесни за каква категорија на производ станува збор. Да се смени навиката за пиење на едно пиво со друго е како да го смените матичниот лекар или заболекар, станува збор за макотрпен процес на промена на навиката на потрошувачот, во кој долгорочните планови и стратегии околу овој бренд се неразделен дел од успехот на самото пиво. „Наше македонско пиво“ се' уште го бара своето место на пазарот, но ние сме презадоволни од текот на настаните до сега. Важно е што „наше македонско пиво“ денес може да се најде во секој продажен маркет.

„Кожувчанка“ е вода која извира во чиста еколошка средина на Кожув Планина. Како компанија дава свој придонес за заштита на околината во процесот на производство. Неодамна компанијата инвестирање во еколошко шише на водата „изворска“, а сега најавувате и нова инвестиција во делот на втиснување на датумот на производство и рокот на траење. Станува збор за инвестиции од светски тренд, колку тие му значат на македонскиот потрошувач?

Како новитет во производството во поглед на заштита на околината и тенденцијата да бидеме општествено одговорна компанија, имплементираме нов ласер со кој датумот за производство ќе се гравира на самата амбалажа, при што се исфрла мастилото како начин на обележување. Овие иновации се согласуваме дека се светски тренд, но суштината, сепак, не е да се следи трендот, туку грижата за потрошувачите и околината, која потрошувачите знаат да ја препознаат, а тоа го покажаа и зголемените бројки на продажба на негазирана вода „изворска“. Во најразлични пригоди при средбите, потрошувачите директно или индиректно ни покажуваат дека „изворска“ ја сметаат како поттик за еколошка свест и навистина го применуваат она еколошкото кое амбалажата на „изворска“ го носи со себе, а тоа е ребрестиот дизајн кој е лесен за рециклирање, како и 30 отсто помалку користената пластика.

Интервју превземено од „Утрински весник“

 

Претставници на рударите од рудниците за олово и цинк „Злетово“ и „Тораница“ денеска се на средба со претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев. Средбата е на барање на премиерот и се очекува вработените во рудниците кои се во стечај да слушнат што планира владата да направи со овие рудници.

Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши, особено не со овој економски и политички систем, посочи Петар Гошев на дебатата „За слободно општество и социјална правда“, во организација на Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и „Заслужуваме подобро“.

Скопјани од денеска јадат поевтин леб. Дел од компаниите веќе ја намалија цената на лебот, по вчерашната најава на мелничко-пекарската индустрија дека ќе ги намалат цените на производите како резултат на пониската цена на увезеното брашно од Србија.

Неликвидноста во бизнис секторот изразена во број на блокирани компании на крајот на минатата година изнесува 44.542, што значи дека 5,5% повеќе фирми имаат блокирани сметки во споредба со крајот на 2014 година, покажуваат последните податоци на Народната банка, пишува Капитал.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново