Германскиот министер за правда Катарина Барли изрази разочараност од планот на британската премиерка Тереза Меј за ќорсокакот за прашањето за брегзит.
Светските политички и бизнис лидери се собираат во швајцарскиот град Давос оваа недела за да разгледаат каква политика ќе следат соочени со опасностите предизвикани од забавениот економски раст.
Светскиот економски форум ќе трае до 25 јануари.
Канадската фирма за истражување „Медголд рисорсис“ во јужна Србија, на границата со Бугарија и Македонија, пронашла одлични индикатори дека во таа област има богати наоѓалишта на благородни метали, јави Радио телевизија Војводина повикувајќи се на „Вечерње новости“.
Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, на „еуродизел“ за 3,5, а на екстра-лесното масло за домаќинство за четири денари од литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Македонија е една од најатрактивните дестинации за инвестирање во Централна и Источна Европа и е на пат за побрза интеграција кон ЕУ, според американскиот фонд за управување со средства „Итон Ванс“, пишува Блумберг.
„Фејсбук“ ќе инвестира 300 милиони долари во следните три години во локални новински агенции во светот, откако компанијата долго беше критикувана за улогата на социјалната мрежа во уништувањето на традиционалните медиуми ширум светот.