lidl fin

До крајот на оваа година Лидл ќе ги отвори своите први продавници во Србија, рече генералниот директор на Лидл Србија, Томислав Шапина.

Изработката на програмата за најавената мерка за директна помош за раст на платите до 18.000 денари во трудоинтензивните дејности е во завршна фаза и наскоро ќе биде доставена на усвојување до Владата, најавуваат од Министерството за труд и социјална политика. Со мерката треба да се овозможи натамошен раст на платите, по првичното покачување на минималната плата на 12 илјади денари, како предуслов за поквалитетен животен стандард, но, истовремено да се задржи кондицијата на фирмите и да се подобри продуктивноста на работниците.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека до крајот на годината растот на БДП ќе биде во рамки на предвиденото.

Македонија има сериозна трговска размена од 1,2 милиони долари и стокова размена од 22,1 отсто со Турција, Албанија и Бугарија, земјите кои ги поврзува Коридорот 8, а состојбата со коридорот е очајна, особено на единствената влезна точка на гас, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој заедно потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората остварија работна посета на главната мерна станица на гасоводот на „ГА-МА“ на влезната точка кај селото Жидилово, Кривопаланечко.

До крајот на годината авионските карти може да поскапат до 25 отсто поради зголемената цена на горивата и услугите, предупредија челниците на авио-компаниите на годишниот собир на лидери во оваа индустрија.

Врвните македонски вина на Винарската визба „Тиквеш“ и бутик винарницата „Домен Лепово“ освоија две нови златни и шест сребрени медали на реномирани светски вински натпревари кои се одржуваат во Белгија и Франција.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.