Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Бугарија е земјата во ЕУ со најмалку смртни случаи предизвикани од онколошки заболувања. 17 отсто од Бугарите умираат од рак, покажуваат податоците на Евростат, кои беа презентирани од Европската комисија.

Бугарија е меѓу четирите земји во европското обединување, во кои мажите умираат од рак многу почесто од жените.

Во ЕУ еден од четири смртни случаи се должи на онколошки заболувања. Најчесто од рак умираат Словенците и Холанѓаните со 30%.

Во Бугарија од рак во 2013 година починале 18 114 лица, како најчесто распространета форма на болеста е кај белите дробови (20 отсто), следат ракот на дебелото црево (14 отсто), на дојка (7 отсто ), на панкреасот (6 проценти) и на простатата (5 отсто).
Во ЕУ во 2013 година ракот го одзеде животот на 1,3 милиони луѓе.

Извор: Локално

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново