Пратениците бараат оставка од Камерон по признанието за офшор фондот
Премиерот не беше искрен, категоричен е лабурист Џон Ман.
Пратеници го повикаа премиерот на Велика Британија да “поднесе оставка веднаш” откако беше не особено искрен за профитирање од офшор компании на својот татко, пишува “Дејли Мирор”.
Премиерот конечно го призна тоа вечерва, откако со денови избегнуваше прашањето за тоа дали тој лично ја искористил инвестицискиот фонд на покојниот му татко, базиран во даночниот рај на Бахамите.
Како што соопштивме Камерон призна дека со неговата сопруга Сем поседувале илјади акции кои ги продале за 30 000 фунти само неколку недели пред да стане премиер.Признанието на Камерон предизвика бран незадоволство меѓу британските политичари.
“Камерон воопшто не беше искрен. Тој треба да поднесе оставка веднаш. Повеќето достојни луѓе не би очекувале ништо помалку “, рече британскиот лабурист Џон Ман.
“Премиерот со денови се негираше дека имал офшор фондови, но се дојде до вистината”, рече водачот на либералните демократи Тим Фаро. “За да имаат обичните даночни обврзници вера во системот, тие треба да можат да веруваат во своите лидери. Тие заслужуваат подобро од полу-вистини и квалификувани изјави “, додаде тој.