Британскиот премиер Камерон најави оставка
Објавено на 24 јуни, 2016 во 08:00
Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека до октомври годинава ќе си поднесе оставка на функцијата. Камерон истакна дека процесот на преговори на Британија за излегување од Европската Унија треба да ги води нов премиер.
Ваквата изјава на Камерон доаѓа откако и официјално резултатите од референдумот покажаа оти мнозинството британци гласаа за излегување од Европската Унија.
Извор: Радио Слободна Европа