Работа во ЕУ наоѓа секој петти невработен
Податоците на европската статистичка канцеларија покажуваат дека секој петти невработен во Европската унија во второто тримесечие нашол работа, сугерирајќи дека темпото на вработување повторно благо бајакнало до средината на годината.
Во второто тримесечие работа нашле 19,5 отсто невработени на ниво на ЕУ од претходното тримесечие, односно 3,9 милиони , утврдија во Евростат. Со тоа темпото на вработување повторно е благо зголемено во однос на претходните три месецо кога работа успеале да најдат 15,4 отсто невработени односно три милиони од нив.
Работа во второто тромесечие не успеале да најдат 63,2 одсто невработени од првите три овогодишни месеци, односно 12,6 милиони. 17,3 одсто, односно 3,5 милиони го поминале статусот во економски неактивно население.
Во средината на годината вработени во ЕУ биле вкупно 170,8 милиони граѓани.
Извештајот на Евростат се темели на анкета на работната сила во ЕУ и не ги вклучува Германија и Белгија со чии тримесечни податоци Евростат не располагал. Притоа напоменуваат како се очекува дека податоците за Белгија ќе бидат достапни од првото тромесечие следната година а податоците за Германија од првото тромесечие на 2019 година.
Меѓу земјите на ЕУ најмногу невработени во второто тримесечие работа пронашле во Данска, повеќе отколку секој трет односно 36,9 отсто од нив. Најмалку нашле работа во Грција, само 8,6 отсто.
Во Хрватска во второто тромесечие се вработиле 21,6 отсто невработени, утврдиле во Евростат, најмногу во тој период откога Евростат почнал да ги следи тие податоци во 2011. За споредба, во второто тримесечие лани работа нашле 16,3 отсто невработени.
Во Евростат истакнуваат како „одливот од статус на невработеноста нуди увид на ниво на флексибилност односно ригидност на пазарот на труд, посебно кога се поврзува со податоци за невработеноста во секоја земја членка“.
Хрватска заедно со Кипар и Португалија е наведена како пример земја во ЕУ со „релативно висока невработеност и силен премин во статусот на вработеност“ додека Данска, Естонија, и Шведска се издвоени како примери на земји „со релативно ниска невработеност и силен премин во статус на вработеност“.
Грција, Шпанија и Италија се земји во ЕУ со „релативно висока невработеност и слаб премин во статус на вработеност“, а Романија, Бигарија и Ирска се примери за земји со „релативно ниска невработеност и слаб премин во статус на вработеноста“, се наведува во извештајот.
Извор: Фактор