Унијата ќе испрати 30 граничани на грчката страна на границата со Македонија
Објавено на 3 февруари, 2017 во 10:42
Унијата брза да испрати 30 граничари за заштита на северната граница на Грција, објави “Шпигел”.
Списанието потсетува дека во моментов во Грција има 60 000 бегалци, а во соседна Турција тие се 3 милиони. Колку Анкара е подготвена да го гпочитува миграцискиот договор меѓу Турција и ЕУ за мигрантите, е прачање на време, поради што постои ризик од повторен прилив во Грција на мигранти кои сакаат да стигнат до Северна Европа. Во соопштението се наведува дека по границата со Македонија се забележува раздвижувања на бегалци и мигранти.
Локално.мк потсетува дека миграцискиот проблем ќе биде главна тема во разговорите на пристигнатата германската канцеларка Ангела Меркел во Турција .