Референдум за еднакви плати во ЕУ
Објавено на 19 мај, 2017 во 13:43
Радикалната десница од југоисточна Европа преку референдум ќе бара изедначување на платите во Европската Унија.
Европската комисија регистрирала иницијатива која бара да се намалат економските разлики.
Зaд движењето Wage union стојат движења од Хрватска, Полска, Словачка, Романија, Бугарија, Летонија и Естонија, земји во кои платите се пониски од оние на западот.
Се очекува за година дена да се соберат над милион потписи.
Ако во ова успеат седум држави од ЕУ, Европа ќе мора да реагира во рок од три месеци.
Се смета дека покрај еднаквост на цени во Европа мора да има и еднаквост на плати.