Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

– Приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија ќе биде еден од моите два приоритети за работа во наредниот период, заедно со зацврстување на безбедноста и одбраната на Унијата. изјави синоќа високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Во обраќање на годишната конференција на Институтот за безбедносни прашања на ЕУ во Брисел, Могерини нагласи дека приближувањето на западниот Балкан е „неповратен процес“ и прашање од стартешки интерес за Унијата, со што воедно ќе се реализира идејата за обединување на европскиот континент.

– Тоа не го велам затоа што на Балканот гледам како на проблематичен регион, туку затоа што сметам дека тоа е подрачје со најголем потенцијал, потенцира Могерини.

Според неа, во земјите од западен Балкан постои „многу импресивно ниво“ на посветеност кон ЕУ, бидејќи во нив довербата во Унијата е поголема отколку во некои членки на блокот.

– Имаме огромно влијание во регионот, кое недоволно го користиме. Во просек таму имаме посветени раководства, кои се подготвени да се ангажираат, но и не прашуваат дали сме ние посветни и конзистентни, потенцира Могерини, додавајќи дека доколку ЕУ не се ангажира на Балканот, тоа „ќе го направи некој друг“.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.