Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Германците се најзадоволнaта нација во Европската Унија – процентот на германски граѓани кои се задоволни од насоката во која се движи земјата е повисока од другите нации, покажува анкетата на фондацијата „Бертелсман“. Истовремено, друго истражување покажа дека голем дел од странските стручњаци што работат во Германија ги сметаат Германците за студени и нељубезни.

Според резултатите на анкетата на „Бертелсман“, 59 отсто од Германците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока. Околу 77 отсто од испитаниците истакнуваат дека нивната лична економска ситуација е подобрена или останала иста во последните две години, а 80 отсто се опишале како гласачи на политичкиот центар.

Најмалку задоволни во ЕУ од напредокот на нивната земја се Италијанците, односно 13 отсто од испитаниците ја оценуваат како добра насоката во која се движи нивната земја. Во Франција задоволни се 36 отсто од испитаниците, a во Велика Британија 31 отсто, додека во цела ЕУ, задоволни се 36 проценти.

Меѓу големите европски земји, Франција е политички најполаризирана – 51 отсто анкетирани се приврзаници на политичкиот центар, 24 проценти се левичари или екстремни левичари, додека 25 проценти се опишуваат како десничари или екстремни десничари.

Што се однесува до Германците, високообразованите стручњаци од странство сметаат дека се нељубезни и студени. Според студијата „Експат инсајдер 2017“ на фирмата „Интернејшнс“ од Минхен, која е најобемната анкета за животот и работата во странство, две третини од стручњаците ја фалат, пред сè, натпросечната безбедност на работните места во Германија, пренесува „Дојче веле“.

Покрај тоа, повеќе од половина од нив велат дека во Германија се подобро платени отколку во нивните татковини. Но, омиленоста на Германија како земја за работа опаѓа, третпат по ред, и сега таа се наоѓа на 23. место, а во истражувањето се застапени 65 земји.

Додека пазарот на труд важи за исклучително атрактивен, истовремено германското општество, во споредба со другите земји, се гледа како не многу гостољубиво, се утврдува од одговорите на 800 стручњаци кои работат во Германија, и кои во најголем дел доаѓаат од САД и од Велика Британија.

Извор: DW

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.