Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Зимски бури дивеат низ Европа, а до сега тројца загинаа, додека сообраќајот и немањето струја се големи проблеми.

Десетици илјади луѓе се погодени особено со тоа што доводот на електрична енергија е прекинат, а авионскиот сообраќај се одвива отежнато, јави BBC.

Две лица се удавија на северот на баскискиот брег во Шпанија, откако ги однел голем бран, а еден скијач загина кога дрво падна врз него на Француските Алпи.

Холандските власти прв пат во историјата затворија пет главни морски насипи во таа земја. Двата потоа се повторно отворени.

Ударите на ветрот се и повеќе од 110 километри на час а се забележани на амстердамскиот аеродром, каде се откажани стотици летови.

Ветрови со брзина од 147 км/ч се забележани во Франција, каде се повредени 15 луѓе, од кои четири потешко.

Ајфеловата кула во Париз е затворена за туристи поради силен ветар. Парковите исто така се затворени поради страв од паѓање гранки и дрвја.

Во Швајцарија силниот ветар оддува воз од шините, при што се повредени осум луѓе. Околу 14.000 домови во таа земја останаа без струја, а во близина на Луцерн се забележани uдари на ветрот и до 195 км/ч.

Како што јави Ројтерс, неколку луѓе останаа заглавени на ски-лифт во кантонот Сент Гален, лесен авион се преврте во Станс, додека во Берн скршено е божиќното дрво високо 13 метри.

Бурата погоди делови од Германија и Австрија, каде околу 20 скијачи беа спасувани од жичарница, јавија локалните медиуми.

Во Белгија е прогласена „портокалова“ тревога, а луѓето се предупредени на пад на гранки и други објекти.

Во Обединетото кралство илјадници домови се без струја, а сообраќајот се одвива отежнато. Забележани се удари на ветар до 160 км/ч.{vembed

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.