Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

dunja fin

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ ги осуди изјавите на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини дека сака да спроведе попис на ромското население и да ги протера од земјата оние Роми кои немаат државјанство на Италија, при тоа нагласувајќи дека „за жал оние кои имаат државјанство ќе можат да останат“.

Мијатовиќ порача дека ова претставува крешење на стандардите на заштита на човековите права и изрази стравување дека ваквите изјави ќе предизвикаат омраза кон Ромите.

– Попишување луѓе врз основа на нивното етничко потекло отворено би ги прекршило основните европски и меѓународни стандарди за човекови права, изјави Мијатовиќ.

Изјавите на Салвини ги нарече „загрижувачки“ затоа што ги стигматизираат Ромите и ги делат Италијанците по етничка основа.

– Се плашам дека употребените зборови носат ризик да предизвикаат омраза и насилство врз Ромите. Политичарите мораат да се воздржат од провокативна реторика што поистоветува групи луѓе со криминалци или што ги дехуманизира, изјави комесарката за човекови права.

Европратеници од редовите на Групата на социјалистите и демократите исто така остро реагираа на изјавите на Салвини.

– Италијанската Влада има антидемократска агенда. Ова не е прв пат да шири омраза против Ромите. Не можеме да прифатиме етнички регистри. Видовме кон што води тоа во минатото, изјави европратеничката Сораја Пост.

Таа побара од Европската комисија да преземе правни чекори против Италија.

– Во минатото бевме сведоци дека ваквите операции доведоа до етничко чистење, изјави европратеничката Сесил Киенге.

Според неа, презумпцијата за расна супериорност од страна на Салвини потврдува каква општествена визија има неговата екстремно десничарската партија Лига.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.