22.01.2021
Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, на 21 јануари пресекоа меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија.
22.01.2021
На територијата на Република Северна Македонија, во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани 409 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
22.01.2021
Нивоата на поголем број од реките во земјава се над просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидро-метеоролошки работи. Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се околу јануарскиот просек, а нивото на Дојранското езеро е над просекот за овој месец.
22.01.2021
Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари за граѓаните на Петриња и Сисак во Република Хрватска, по разорниот земјотрес кој се случи на 29 декември минатата година.
22.01.2021
Од денеска стапува во сила новата, продолжена, одлука на грчката Влада за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, како и ограничувањата на копнените граници и поврзувањата со Северна Македонија и со Албанија, што важи до 8 февруари во 6 часот наутро.
22.01.2021
Речиси сите епидемиолошки параметри, според кои се евалуира состојбата со епидемијата, бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти вчера Министерството за здравство, Венко Филипче.