Најверојатно утре Врховниот суд на седница ќе ги разгледува жалбите за притвор кои ги поднесоа одбраната на обвинетите и Специјалното бовинителство за случаите „Тврдина“ и „Таргет“.

Владата на Република Македонија, односно Министерството за надворешни работи има испратено барање до српското Министерство за надворешни работи за одбележување на АСНОМ во „Прохор Пчински“, очекуваме официјален одговор, велат од Владата по информациите во српските медиуми дека наводно Српската православна црква го отфрлила барањето на македонскиот премиер Зоран Заев и забранила Македонија да го прослави Илинден во манастирот.

Премиерот Зоран Заев, доби награда за мир во Мостар, Босна и Херцеговина, со што влезе меѓу значајните личности во светот од политичкиот и општетствениот живот, заслужни за поврзување на луѓето, поттикнување соработка и меѓусебно почитување.

Намалување на дневната температура, локален дожд и грмежи, најавува за утре и во среда Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.

Патријархот Иринеј и Српската православна црква го отфрлиле барањето на македонскиот премиер Зоран Заев и забраниле Македонија да го прослави Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“.

Во текот на изминатата ноќ во охридскиот регион регистрирани се два земјотреси со послаб интензитет.

Поврзани вести

Најново