Универзитетските професори Борче Давитковски, Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Беса Арифи и Мерсим Максути се дел од Советот за реформи во правосудството. Советот е формиран од министерот за правда, Билен Саљили во понеделникот, пренесува А1он, а за порталот информацијата ја потврдила Најчевска. 

Советничката група во Советот на Град Скопје од СДСМ денеска на седница на градскиот Совет ќе бара да прекинат инвестициските зафати на Панорамското тркало кое се гради на реката Вардар.

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени се случил во 5.53 часот на 9 километри североисточно од Охрид и 4 километри источно од селото Косел. Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, вели Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Емил Димитриев, Даниела Рангелова, Тони Јакимовски, Илија Димовски, Владимир Пешевски се само дел од лицата кои се опфатени во истрагите и обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство, а коишто поседуваат дипломатски пасоши. НОВАТВ дојде до списокот на сите лица за кои што Министерството за надворешни работи издало дипломатски пасоши.

Пожарот кај местото Чашка, во општина Ѓорче Петров кој избувна вчера, е локализиран и ставен под контрола.

Во Апелациониот суд продолжуваат јавните седници за мерките на обвинетите во случаите за кои Специјалното јавно обвинителство покрена обвиненија.

Поврзани вести

Најново