Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Над 200 компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), ќе присуствуваат на традиционалниот деловен појадок со претседателот на Владата на Република Македонија и ресорните министри.
Во присуство на бизнисмените, амбасадорите, ресорните министри, официјални обраќања предвидено е да имаат премиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска.

Група на пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа иницијатива за измена на законот за заштита од пушењето во скратена постапка поради влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, а морале и да отпуштат дел од своите вработени.

Една од клучните измени која се предвидува со новите законски измени е да се даде можност сопствениците да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови јасно да ги означат како забранети за пушење цигари.

Кривичниот совет на Апелациониот суд на пет последователни јавни седници, денеска ќе одлучува по жалбите на обвинетите и на СЈО за решенијата на понискиот суд.

Решавањето на спорот за името е високо на агендата на владата во Скопје и затоа има „нов импулс“ во напорите за решавање на проблемот, изјави специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц.

Ако државата постигне напредок во однос на реформите, Брисел е расположен и порано ќе го испорача извештајот за напредокот на државата, порача еврокомесарот Јоханес Хан по состанокот за асоцијација и стабилизација кој се оддржа во Брисел.

Поврзани вести

Најново