Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб североисточен ветер. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Досега не се познати деталите од нацрт-договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје, освен дека ќе биде потпишан на официјалните јазици на двете земји. Неговото финализирање наиде на голема поддршка, но и на реакции, информира DW.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, е во работна посета на Брисел каде ги промовираше реформските приоритети на новата влада во Центарот за европски политики.

Прашањето за пристапувањето на Република Македонија кон НАТО може да биде решено за 3-4 месеци. Ова го соопштил европски дипломат за РИА “Новости”. “Има нагло забрзување на преговорите. За 3-4 месеци планираме да ги завршиме, а тоа значи на есен “, вели дипломатот за агенцијата, цитирана од БГНЕС.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива пo наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Поврзани вести

Најново