Аплицирањето за добивање место во државните студентски домови за следната студиска година започна денеска, прво преку електронско пополнување на пријава (www.konkursi.mon.gov.mk), а ќе трае до 12 август.

При извршениот претрес, кај поранешниот шеф на петтата управа во МВР, Горан Грујевски пронајден е нотес со евиденција – кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван, изјави обвинителката Ленче Ристоска на денешното сослушување во Апелацискиот суд.

Гостин на хотелот „Изгрев“ на струшкото крајбрежје се пожали на „Мета“ дека попладнето во саботата, откако претходно појадувале во хотелот, тој и неговото семејство почнале да чувствуваат мачнина, а потоа почнале и да повраќаат, поради што побарале лекарска помош во Општата болница во Струга, каде разбрале дека имало и други туристи од хотелот „Изгрев“ со исти симптоми. Гостинот се сомнева дека во прашање е труење со храна. Но, како што дознаваме, причините би можеле да бидат и други, односно можно е и да станува збор за стомачен вирус, бидејќи во последниот период во Охридско-струшкиот Регион се забележани позначителен број вакви случаи.

Одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување на дел од вработените и хигиена која не е на задоволително ниво, се воочени по извршената инспекција во Клиничката болница во Штип.

„Нема зошто да бегам. Јас сум убеден во мојата невиност и верувам дека во понатамошната постапка и судот ќе го увиди тоа“, вака поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се бранеше пред Кривичниот совет на Апелацискиот суд на денешната јавна седница којшто започна утрово.

Врнежите од дожд во изминатите 24 часа не претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во државата. Водостојот е далеку од граничниот праг на излевање, соопшти утринава Управата за хидрометеролошки работи.

Поврзани вести

Најново