Гостиварци во овие топли денови се мета на крлежи. Гостиварската болница регистрира речиси секој ден човек каснат од крлеж.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска ги разреши директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров и досегашната директорка на НУ Театар Комедија – Скопје, Јелена Жугиќ.

Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапки за присилна наплата, предупреди денеска УЈП.

Кривичниот суд во Скопје денес го ослободи од притвор новинарот Зоран Божиновски, мерката притвор е заменета со друга мерка на претпазливост, соопштија од Здржението на новинарите на Македонија.

„Македонија излезе од срамната листа на земји каде има новинари во затвор!“, пишува во кусата објава на ЗНМ.

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во координација со ЈП „Македонски шуми“, воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена.

Македонија и Бугарија го усогласија текстот на договорот за добрососедство чија цел е решавање на долгогодишните спорови и тензии, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

Поврзани вести

Најново