Собранието денеска во 11 часот ќе ја одржи осмата седница, на која како прва точка на дневен ред е предлогот на завршна сметка на буџетот на Република Македонија за 2016 година, како и повеќе закони поднесени од опозицијата и годишните извештаи на повеќе институции.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови.

Ќе дува умерен северен ветер.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел.

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска во Трст во ијзава за медиумите кажа дека е потребна соработка за да напредува регионот.

Два нови земјотреси го погодија во охридското епицентрално подрачје, од кои првиот во 22.02 часот и со јачина од 3,1 степен, додека вториот беше на 19 минути по полноќ со јачина од 4,2 степени.

Времето ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе дува северозападен ветер, кој на север и долж Повардарието ќе засилува.

Претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести

Најново