Граѓаните на Дојран на локалниот референдум вчера гласаа против продолжување со работа на рудникот Казандол во соседната општина Валандово и против отворање рудници за металични суровини на територијата на општина Дојран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сончево и многу топло, со мала до умерена локалне облачност и со умерен југозападен и јужен ветер. Попладне можна е локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Центар за слобода го објави почетокот на проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Со овој проект, ЦИВИЛ ќе даде придонес во неколку комплексни области во тешкиот период на транзиција и демократизација на општеството и државата.

Налозите за исплата на над 130 милиони денари субвенции за преку 3.500 пчелари ќе бидат испратени денеска до Министерството за финансии, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница во функција на подготовка на локалните избори што, како што е најавено, ќе бидат распишани најверојатно на 6 август, а треба да се одржат на 15 октомври.
На седницата беа усвоени упатствата за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори, за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.

Поврзани вести

Најново