Временска прогноза
Објавено на 11 јануари, 2016 во 06:55
Денеска ќе преовладува стабилно и топло време за овој период од годината. По котлините ќе има појава на слаба утринска магла.
Потоа во вторник ќе биде променливо облачно со локален дожд и ќе дува засилен ветер од југозападен правец.
Од среда се очекува опаѓање на дневната температура што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на планините да преминат во снег.